Одлука за работа со национален .mk домен

Врз основа на Договорот 966/6-04 од 24.02.2014 склучен со Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет, а согласно член 3, Виртувио ДООЕЛ ги презема и ќе ги спроведува следните активности:

  • регистрација на национален .mk домен
  • промена на податоците за регистрација
  • продолжување на регистрација
  • промена на регистрант на домен
  • прекинување на регистрација на домен
  • останати работи утврдени со актите на Договорот.

Политика на приватност

ВИРТУВИО ДООЕЛ Скопје како сопственик на сајтот hosting.mk е правен субјект кој стои позади Политиката за приватност

Општи одредби

Виртувио ДООЕЛ нема право и не смее да ги дава, изнајмува или продадава доставените информации од Ваша страна, или било кој друг дел од информациите, на друг субјект или физичко лице.
Виртувио ДООЕЛ може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од Ваш интерес. Во ваков случај, вашите лични податоци (е-пошта, име, адреса, телефонски број) нема да им бидат доставени на трети лица.



Формуларот за регистрација на нашиот сајт при вршење на нарачка бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (име, презиме, име на организација,, даночен број, адреса, поштенски код, телефон за контакт, емаил). Овие информации Виртувио ДООЕЛ ги користи при контакт преку пошта (праќање на фактури и други документи, верификација на корисник). Овие податоци кои ќе бидат внесени при регистрација на доменот се јавно објавени на whois серверите на регистрарите. Виртувио ДООЕЛ преку својот whois клиент не ги објавува податоците за регистрацијата на доменот, туку статус дали доменот е слободен или веќе регистриран.



Овој сајт содржи линкови до други сајтови. Виртувио ДООЕЛ не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови.
Во случај на криминална истрага, Виртувио ДООЕЛ ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може да се испитуваат и анализираат и во предистражна постапка.



Колачиња (Cookies)

Сајтот hosting.mk и апликацијата за регистрација не користат колачиња. Колачињата кои може да ги прати сајтот се оние кои ги креира Google Analytics како апликација која собира податоци за статистичка обработка. Таквите податоци не се јавно достапни и се предмет за споредбена анализа за посетеноста и активностите на сајтот.

Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на info@hostirame.mk.