Услови за користење

Сајтот hosting.mk и апликацијата за регистрација на поддомени под националниот .mk домен се изарботени и се во целосна сопственост на Виртувио ДООЕЛ со седиште на бул. Партизански Одреди 7/1, Скопје.
На Вас останува одговорноста за користењето на услугите и внесените податоци. Доколку настане некаква штета при користењето, Виртувио ДООЕЛ не ја снесува одговорноста. Токму затоа им порачуваме на корисниците да ги прочитаат ПРАВИЛАТА ЗА ПРИВАТНОСТ кои содржат начин и обврски според кои се постапува кон Вашите податоци.

1. Македонски домен (со наставка: .mk, .com.mk, .net.mk, .inf.mk, .org.mk, .edu.mk ) се регистрира по добиено барање за регистрација на домен и по уплата за истиот. Барање за регистрација на домен регистрантот поднесува кај Виртувио ДООЕЛ по негов слободен избор. Барањето се поднесува на образец објавен на интернет страницата на Виртувио ДООЕЛ, кој содржи: податоци за регистрантот, податоци за доменот, податоци за контактите, имињата на именските опслужувачи на кои е поставен доменот како и потпис на подносителот. Кога барањето се поднесува по електронски пат, тогаш се потпишува со електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Регистрантот одговара за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација која се приложува кон барањето.

2. Право да регистрираат примарен .mk домен според наставките(секундарните домени) имаат:

  • Право да регистрираат .mk домен имаат сите физички и правни лица.
  • Право да регистрираат gov.mk домен имаат: државните органи во Република Македонија, установи и други организации утврдени со Уставот на Република Македонија и закон како и јавни претпријатија и единици на локалната самоуправа и градот Скопје.
  • Право да регистрираат edu.mk домен имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организации кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.
  • Право да регистрираат org.mk домен имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
  • Право да регистрираат com.mk, net.mk, inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, коморите на овие лица, задруги, финансиски организации.


3. Бројот на домени кој може да ги регистрира еден регистрант е неограничен. Домените се регистрираат во период од една до десет години, со право на продолжување по истекот на периодот на кој е регистриран.

4.Називот на доменот ги содржи следниве елементи и мора да ги исполнува следниве услови:
  • да се состои од букви од англиската абецеда (не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот „-“(тире)
  • да се состои од најмалку 1(еден) до најмногу 63(шеесет и три) знаци, притоа првиот и последниот знак не смее да биде „-“(тире)
  • не смее последователно да се појавуваат два знаци „-“(тире)

Називот на доменот мора да биде во согласност со овие позитивни правни прописи, како и со општите етички морални начела, т.е не смее да биде увредлив за трети лица.

5. Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл., ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

6. Бришење на домен:
Регистрацијата на доменот може да биде поништена во следниве случаи:
  • Регистрантот постапува спротивно од овој Правилник
  • Регистрантот во писмена форма побарал поништување на регистрација на доменот
  • Регистрантот на доменот не ги подмирува или ненавремено ги подмирува финансиските обврски
  • Регистрантот во процесот на регистрација дал погрешни или неверодостојни податоци и документација


7. Заштитен период на домен
Доколку доменот не биде обновен до датумот на кој истекува регистрацијата, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави измена на податоците за доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекување на заштитениот период од 120 дена, доменот се брише и повторно може да се регистрира од друг регистрант.

8. Регистрантот на доменот може со изјава да се откаже од правото на користење на доменот. Во моментот на давање на изјавата во Виртувио ДООЕЛ, доменот се брише и повторно е слободен за регистрација од друго лице.

9. Виртувио ДООЕЛ неможе да гарантира за валидноста на одредено домен име. Тоа значи дека доколку доменот кој клиентот го нарачува е прикажан како слободен за регистрација, а истиот не е слободен кај Македонскиот регистрар поради било која причина, Виртувио ДООЕЛ не превзема никаква одговорност и должен е да го извести клиентот дека нарачаниот домен неможе да се регистрира. Во овој случај клиентот е должен да побара поништување на нарачката и рефундирање на средствата или да го извести Виртувио ДООЕЛ дека сака да регистрира друго домен име.

10. Виртувио ДООЕЛ не превзема никаква одговорност доколку се случат технички или било какви проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) при што би се оневозможила работата и функцијата на Македонските домени.

11. Доколку клиентот нарачал и уплатил за регистрација на конкретно домен име, а во меѓувреме истото домен име е регистрирано од страна на трето лице, Виртувио ДООЕЛ не превзема никаква одговорност и треба да го извести својот клиент за оваа ситуација. Клиентот во ваква ситуација е должен да побара понуштување на нарачката за конкретниот домен и рефундирање на средствата или да одбере домен со друго име.

12. Виртувио ДООЕЛ го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

13. Виртувио ДООЕЛ по своја волја може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Но целата одговорност за датумот на истекот треба да ја има клиентот и самиот да води одговорност кога доменот истекува и истиот да го обнови пред истекот, доколку се одлучи за обнова на доменот.

14. Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот, кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки, Виртувио ДООЕЛ не сноси никаква одговорост спрема страните во спорот туку ги упатува на решавање на спорот.

15.Измена и дополнување на овие услови може да се врши во секое време.